Велика Британија: Моментално немаме вакцини за донација во други земји

136 прегледи

Велика Британија во моментов нема вишок на вакцини за да ги сподели со другите земји.

Сепак, тие ќе разгледаат како да го поделат секој вишок во иднина, доколку тој постои, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

„Нашиот прв приоритет е да ја заштитиме британската јавност, а воведувањето на вакцината продолжува со таа цел“, изјави за новинарите портпарол, пренесува Гардијан.

„Во моментов, немаме вишок вакцини, но ќе разгледаме како најдобро да ги дистрибуираме веднаш штом станат достапни“, додаде портпаролот.

Во оваа прилика, британските власти исто така рекоа дека ќе продолжат да разговараат и да работат со ЕУ со цел да се обезбедат заемно корисни односи и соработка против пандемијата од Ковид 19.

“Претходно рековме дека ова е меѓународен напор и дека отвореноста и глобалната соработка ќе бидат клучни за надминување на оваа пандемија. Значи, нашата соработка и разговори со ЕУ продолжуваат”, истакна портпаролот.