Велика Британија објави нова мапа на руските напади врз Украина

од Берта Китинска

Министерството за одбрана на Велика Британија на Твитер објави нова карта од нападот на руските сили на Украина.

„Неиспровоцираната и незаконска инвазија на Украина продолжува“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

На картата се прикажани нуклеарните централи, локациите на конфликтот од почетокот на инвазијата, областите под руска контрола, насоките на напредокот на руската армија, како и потенцијалните идни насоки.

Слични содржини