8
Повеќе од 500 луѓе умираат неделно во Велика Британија од загадување на воздухот, кое влијае на речиси секој орган во човечкото тело, дури и при ниски нивоа на загадување, предупредија лекарите од Кралскиот колеџ на лекари (RCP), објавија денес британските медиуми.
Во нивниот последен извештај, тие рекоа дека заканата што ја претставува загадувањето на воздухот за јавното здравје е поголема отколку што се сметаше претходно, објави „Гардијан“.
Лекарите од RCP, исто така, презентираа нови информации за значајните ризици што ги претставуваат токсичните супстанции во воздухот, вклучувајќи ги ефектите врз развојот на фетусот и ризикот од рак, срцеви заболувања, мозочен удар, проблеми со менталното здравје и деменција.