Велика Британија: Работиме на ослободување на осудените Британци во Донбас

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска изјави дека ќе направи се што е потребно за да обезбеди ослободување на двајца британски државјани кои руските власти во Донбас ги осудиле на смрт.

Запрашана дали е подготвена директно да преговара со самопрогласената Народна Република Доњецк, Трас одби да одговори експлицитно и за Би-Би-Си изјавила дека „ќе направи се што е потребно за да обезбеди нивно ослободување“, пренесува „Ројтерс“.

„Ги уверив семејствата дека ќе направам се што е најефективно за нивно ослободување и не би навлегувала во нашата стратегија во програма во живо… Најдобриот пат е преку Украинците“, нагласи британската министерка.

Слични содржини