309
Велика Британија го воведе најновиот пакет санкции кон Русија поради нејзините воени активности во Украина, фокусирајќи се на финансиската мрежа на рускиот претседател Владимир Путин, неговата поранешна сопруга и роднините.
„Разоткриваме и се фокусираме на сомнителна мрежа која го поддржува луксузниот начин на живот на Путин и ја зголемува злобноста во неговиот внатрешен круг“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
Шефот на британската дипломатија Лиз Трас наведува дека Британија „ќе продолжи да воведува санкции за сите оние кои ја помагаат и поддржуваат агресијата на Путин додека Украина не победи“.