Велика Британија воведува санкции против руски компании поврзани со кражба на украинско жито

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Владата на Обединетото Кралство денеска објави нов пакет санкции против Русија, насочени кон компаниите поврзани со кражбата на украинското жито и оние кои се вклучени во испораката на руски енергетски производи.

Во соопштението на британската влада се наведува дека Лондон санкционира 86 физички и правни лица поврзани со кражба и препродажба на украинско жито, пренесува „Ројтерс“.

Санкциите се насочени и против големите руски компании кои се занимаваат со производство на енергија и оружје, вклучувајќи ги и оние поврзани со компанијата Росатом, како и против сопственикот на руската компанија за бакар, Игор Алтушкин.

Слични содржини