Велика Британија воведува широки санкции кон Русија

од Milan1
218 прегледи

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека британската влада e спремна да воведе широки санкции кон Русија со цел да се запре агресијата врз Украина до 10 февруари.

„Овој пакет, кој ќе стане закон, ќе биде на сила до 10 февруари, така што ќе можеме да воведеме широки санкции во сеопфатни категории кои навистина се насочени кон секој кој обезбедува стратешка или економска поддршка на рускиот режим“, рече Трас во парламентот.

Според неа, санкциите ќе се применуваат без страв и наклонетост, пренесува Танјуг.

Новите овластувања за воведување санкции на поединци поврзани со руската држава ќе вклучуваат можност за замрзнување на нивниот имот и забрана за влез во Велика Британија.