Велика Британија стави во приправност две електрани на јаглен поради студеното време

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Британската Национална мрежа денеска издаде известување да се загреат и да бидат во приправност двете електрани на јаглен Дракс 5 и 6 со јачина од 570 мегавати, поради ладниот временски бран.

Во известувањето се наведува дека тоа не значи дека овие единици ќе се користат денеска, туку дека се достапни во случај на потреба, пренесува „Ројтерс“.

„Јавноста треба да продолжи да ја користи енергијата како и обично“, додаде мрежниот оператор.

Слични содржини