Вељко Ражнатовиќ откри како ќе се вика вториот наследник: „Старо српско име“

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, и неговата сопруга Богдана неодамна открија дека ќе добијат уште еден син.

Првиот наследник го доби името по таткото на Вељко, Жељко, а вториот ќе се вика Крстан.

Ражнатовиќ сега откри како се чувствува по веста дека ќе добие уште еден син.

„Се чувствувам како и првиот пат, само поблагословен. Ти благодарам драг Боже“, изјавил тој за „Телеграф“.

Тој раскажал и зошто се одлучил за ова име за свој наследник.

„Крстан е посебно старо српско име. Уникатно е, не е често име, што секако е уште подобро за нас“, открил Вељко.

Слични содржини