Велосипедисти се судриле на кејот на Вардар, едно лице тешко повредено

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Едно лице е тешко повредено синоќа во судир помеѓу два велосипеда на велосипедска патека на кејот на реката Вардар во Центар.

Вториот велосипедит, како што објави полицијата, побегнал од местото на несреќата.

„Вчера дојде до несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото“, велат од МВР.

Скопјанецот се здобил со тешки повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини