Венеција воведува такси за туристите, еве колку ќе чини влезот во градот

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Венеција покрена онлајн платформа која им овозможува на посетителите да ја платат таксата за влез, за која се водеа жестоки расправи, која ќе стапи на сила на крајот на април и ќе се применува во одредени денови кога се очекува градот да биде преполн.

Покрената во јануари, платформата за онлајн резервации и плаќање им овозможува на посетителите да преземат QR-код кој гарантира дека ја платиле таксата.

Станува збор за такса за која се уште жестоко се дебатира, а треба да се применува во деновите кога во Венеција кога има најголема гужва.

Таа ќе биде на сила 29 дена, од 25 април до 5 мај, како што најави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на крајот на ноември. Потоа ќе важи за сите викенди до средината на јули, со исклучок на први и втори јуни.

Таксата може да се плати на веб-страницата: cda.veneziaunica.it. Откако ќе платат 5 евра, туристите добиваат QR код и го преземаат на својот мобилен телефон.

Шемата не важи за гостите кои ноќеваат во градот, за локалните жители или за луѓето кои секојдневно патуваат во Венеција поради работа.

Децата под 14 години се ослободени од плаќање. Сите оние кои ќе решат да патуваат во Венеција без да платат такса, ризикуваат казна од 50 до 300 евра. Целта на таксата, која официјално беше воведена во септември по неколкугодишна дискусија, е да се спречи масовниот туризам да ѝ нанесе уште поголема штета на Венеција од претходно.

Слични содржини