192
Владата на Венецуела побара од персоналот на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) да ја напуштат земјата во следните три дена, нагласувајќи дека ќе ја разгледаат соработката со организацијата на ОН.
Владата на таа јужноамериканска земја соопшти дека одлучила да ги „суспендира сите активности на техничкото советодавно биро на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права и да спроведе детална ревизија на условите за техничка соработка“.
Ревизијата ќе биде направена во следните 30 дена, додаде венецуелската влада, истакнувајќи дека целиот персонал на ОН поврзан со Канцеларијата мора да ја напушти земјата во следните 72 часа.