Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги повика Обединетите нации да иницираат голем глобален договор за денуклеаризација, во кој сите земји во светот би биле обврзани да ги елиминираат своите нуклеарни арсенали.
Мадуро праша зошто е забранета мирната употреба на нуклеарната енергија, но не и поседувањето атомски бомби, и ги повика ОН да го поддржат процесот на укинување на нуклеарното оружје, објави јавниот сервис на земјата VTV.
Мадуро рече дека Венецуела верува дека е неопходно да се забрани поседувањето нуклеарно оружје, а за да се постигне ова, ОН треба да промовира голем договор што би обезбедил глобална елиминација на атомските бомби.