252
Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта во Европа според договорот нафта за долг и бара гориво од италијанската Eni и од шпанската Repsol во замена за идните товарни пратки, објави Ројтерс, цитирајќи три лица директно запознаени со ова прашање.
Венецуелската нафтена компанија ПДВСА повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ одобрен од американскиот Стејт департмент во мај, што и овозможи на државната компанија да продолжи со испораките за Европа по двегодишната суспензија предизвикана од американските санкции, објави британската агенција.
Испораките на венецуелска нафта, особено во рафинериите во Шпанија, и помогнаа на Европа да го намали купувањето на руска нафта по нападот врз Украина.