Венко Филипче во посета на свои пациенти од Кавадарци: Ме прави неизмерно среќен кога гледам дека се добро

од Симе Стоиков

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој на претстојните избори е носител на листата во Изборната единица 4 денес имаше свои активност.

За истите Филипче информираше преку својот фејсбук профил каде што за оваа прилика истакна:

„Денеска во Кавадарци се сретнав со Бошко, Васко и малите Симона и Дијана. Тие се мои пациенти и драго ми е што ги видов во одлично здравје и расположение.

Ме прави неизмерно среќен кога гледам дека пациентите се добро. Посебно се радувам дека се придржуваат до препораките и го слушаат Венко
Секоја благодарност што ја добив денеска ми значи многу.

Да се биде лекар значи да им се помага на луѓето секогаш и во секое време. Благодарност до сите во Кавадарци за денешниот ден. *Фотографиите од децата се објавени со дозвола на родител

Слични содржини