Филипче: Одбив понуди за работа во Америка, Швајцарија, Германија за да се вратам дома

од Симе Стоиков
262 прегледи

Носителот на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, Венко Филипче, во гостувањето на Неформално на Сител Подкаст, говори за можностите кои му ги нуделе светските неврохируршки центри, но кои ги одбил и одбрал да работи на Клиниката во Скопје.

„Ги одбив понудите за работа во Америка, Швајцарија, Германија за да се вратам дома и да работам на Клиниката за неврохирургија, раскажува познатиот неврохирург Венко Филипче.

„Јас останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка. За време на престојот во Швајцарија, добив понуда да работам. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Јас се вратив тука затоа што сакам да придонесам нашето општество да оди напред“, додава Филипче.

„Младите нема да останат тука ако ние не направиме трансформација по примерот на развиените европски општества. Многу често сум бил надвор и секогаш сум се враќал. Тоа е мојата желба и главниот мотив.Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи, вели Филипче.

Слични содржини