Венс: Крајот на руско-украинскиот конфликт е близу

од Milan1
120 прегледи

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс денеска ги поддржа дипломатските чекори на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин и оцени дека преговорите меѓу двајцата лидери се клучни за решавање на тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.

„Како ќе ја завршите војната ако не разговарате со Русија? Навистина верувам дека сме на прагот на мирот во Европа за првпат по три години“, рече Венс на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Мериленд, пренесе Ројтерс.

Венс ја истакна важноста на дијалогот за постигнување мир.

Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во 2025 година се одржува во Националното пристаниште во Мериленд, а на неа ќе има говорници од целиот свет, меѓу кои и поранешната британска премиерка Лиз Трус, пренесува Танјуг.

Слични содржини