18
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека САД успешно ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп сега сака да се фокусира на дипломатско решение.
„Не сакаме да го продолжиме овој конфликт или дополнително да го ескалираме. Нашата цел е да ја запреме нивната нуклеарна програма“, изјави Венс за Ен-Би-Си.
Како што истакна тој, САД сакаат да разговараат со Иранците за долгорочно решение на ситуацијата.
Венс рече дека „САД не се во војна со Иран, туку со иранската нуклеарна програма“.
Доналд Трамп рано утрово објави дека САД синоќа нападнале три постројки за збогатување ураниум во Иран и дека сите три постројки се целосно уништени.