Венс: Трамп се обидува да испрати многу јасна порака со стопирањето на помошта за Украина

од Milan1
53 прегледи

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека и тој и претседателот Доналд Трамп остануваат оптимисти за постигнување договор за минералите со Украина, и покрај навидум растечкиот јаз меѓу САД и Украина.

„Да, јас секако верувам дека е така“, рече Венс од Капитол Хил, на прашањето дали верува дека сè уште може да се постигне договор за минерали. „И мислам дека претседателот се уште е посветен на тој договор“.

Неговиот одговор доаѓа само неколку дена по напнатата средба во Овалната соба меѓу Венс, Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Америка преку ноќ ја прекина воената помош за Украина.

„Трамп се обидува да испрати многу јасна порака“

Венс рече дека Трамп се обидува да испрати „многу јасна порака“ со стопирањето на помошта за Украина.

„Сметаме дека украинските војници се бореа исклучително храбро, но дојдовме до точка каде што ниту Европа, ниту Соединетите Американски Држави, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време, па затоа е важно сите да седнат на маса и претседателот да се обидува да испрати многу јасна порака“, им рече Венс на новинарите.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс разговараше со новинарите за одлуката на САД да ја прекине воената помош.

Тој рече дека САД треба „да добијат одредена компензација за неверојатната финансиска инвестиција што ја направија во Украина“, додавајќи дека европските земји добиваат компензација за нивната поддршка.

„Па, навистина е смешно и, искрено, навреда за американскиот народ, што Европејците имаат подобар договор од американскиот народ“, вели Венс.

На прашањето дали САД би можеле повторно да почнат да обезбедуваат воена помош за Украина, Венс рече дека штом Киев ќе почне да преговара, „сè е на маса“.

Тој вели дека за да одат напред, треба Украина да им каже приватно што им треба: „Тоа е најважно, а тоа што најмногу нè засега нас е недостатокот на приватен ангажман“.

Слични содржини