Веренички прстен со уред за следење

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Пред да кажете “да”, размислете за скриените услови на вашиот вереник, советуваат експертите, откако британски златар создаде веренички прстен со вграден уред за следење.297328B000000578-3115414-image-m-45_1433777488679

Стив Бенет е автор на првиот прстен кој изгледа како и секој друг дијамант, но со дискретно вграден чип кој дозволува на мажот да ја следи својата идна сопруга.

Тоа значи дека љубоморните сопружници веќе ќе можат да ги набљудуваат што прават нивните свршеници. Чипот со GPS технологија е скриен зад каменот кој се нуди во две варијанти – во белаи виолетова нијанса.

Првичната идеја на Бенет била да се заштити прстенот од кражба и загуба, но повеќето негови корисници преферираат да го користат како уред за следење.