Актерот Реј Лиота почина пред неколку дена, а неговата смрт растажи многумина.
Сигурно најтешко и е на неговата вереница Џеси Нитоло, која со емотивни зборови се прости од актерот, објавувајќи неколку нивни заеднички фотографии.
„Мојот живот беше навистина прекрасен во последните неколку години. Реј и јас споделуваме длабока љубов која ќе ја негувам во моето срце засекогаш. Се смеевме секој ден и бевме неразделни. Нашата хемија беше дива на најдобар можен начин. Тој беше сè за мене. Тоа е вистинска љубов за која се сонува. Тој беше најубавата личност што некогаш сум ја познавала, а тоа е дури и потценување“, изјави Џеси.
Двајцата се верија во 2020 година.
Лиота, во брак со актерката и продуцентка Мишел Грејс, има 23-годишна ќерка Карсен, а Џеси, во брак со продуцентот Џои Нитоло, има четири деца: синовите Дакс, Чез и Џои и ќерката Џејд.