198
Познатата Софија Вергара, за која многумина тврдат дека е најубава на светот, не дозволи дождот во Лос Анџелес да ја спречи да излезе.
За патување во СПА го спои неспоивото, како и секогаш, привлече внимание и покажа дека и покрај се, не се откажува од омилениот моден предмет – сандалите со висока платформа.
Така 51-годишната Софија излезе на дожд во тренди фармерки со широки ногавици во комбинација со лежерен син џемпер, а над се облече сина ватирана пуфер јакна со долг крој.
Но, крајниот додаток беа црните, вртоглаво високи платформи со отворени прсти, кои дури и дождот не беа доволна закана.