Вернер го напушта Челси и се враќа во Лајпциг

од Vladimir Zorba

Германскиот напаѓач Тимо Вернер го напушта Челси и се враќа во Лајпциг, пренесува добро информираниот новинар на Скај, Фабрицио Романо.

По само две години Тимо Вернер си заминува од Челси на постојан трансфер.

Според добро информираниот стручњак, „сините“ сакаат да се откажат од неговите услуги и веќе се договориле за трансфер.

Она што е интересно е што Романо пренесува дека Вернер кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг од кој што замина во Лондон.

Иако се шпекулираше дека тоа ќе биде позајмица, сепак Вернер трајно ќе се пресели во „биковите“.

За две години во Челси, на кој му се приклучи во трансфер вреден 53 милиони евра, забележа 89 настапи, 23 гола и 21 асистенција.

Тој беше член на тимот на Челси кој ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Вернер оваа недела ќе ги помине медицинските прегледи, додека двата клуба многу брзо ќе ја завршат целата документација.

Слични содржини