Верона забранува нови „национални“ ресторани

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Поради бум во појавата на нови локали со ќебапи и пржена храна општината на италијанскиот гр. Верона ја забрани појавата на нови трговски објекти, за да биде запазено кулинарството типично за градот, објави  “Дејли мејл”. Одлуката на градските власти беше донесена оваа недела.4681902

“Благодарение на оваа одредба нема да има отворање на повеќе институции кои продаваат храна, приготвена на начин кој би можел да влијае на вообичаеното за нашиот град”, рече градоначалникот на Верона Флавио Тоси. Тој дополнува дека на овој начин ќе биде зачувано не само историското и архитектонско наследство во центарот на градот, но исто така и традицијата на типичната култура на територијата на Верона.

Во земја на мераклиски се подготвуваат јадења, чие готвење е бавен процес, несаканите новодојдени феномени на пазарот се блискоисточните ќебапи, грчките гира и брза храна за јадење на нога, кои се типични за јужна Италија, но влегуваат во спротивност со вообичаеното за културното наследство на Верона .