Верстапен: Фантастично!

од Симе Стоиков
197 прегледи

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен изјави дека е задоволен од денешната победа на трката за Големата награда на Кина во Формула 1 и дека уживал што бил брз цел викенд во Шангај.

„Чувството е одлично. Бев неверојатно брз цел викенд. Беше задоволство да се вози болидот на секаков вид гума. Преживеавме рестартирање на трката, а болидот беше практично како на шини и можев да правам што сакам”, изјави Верстапен по трката .

Трикратниот последователен светски шампион ја постигна четвртата победа сезонава, на петтата трка, а вкупно 58-та во кариерата. Во саботата Холанѓанецот победи и на спринтерската трка на истата патека, а денеска стартуваше од пол-позицијата.

„Одлично е да се доживеат вакви викенди и фантастично е да се постигне она што го постигнавме овој викенд“, додаде холандскиот возач.

Слични содржини