Верстапен: Јас во Мерцедес?

од Симе Стоиков
262 прегледи

Тото Волф пред некој ден отвори нова тема во Формула 1. По втората сезонска победа на Макс Верстапен во Саудиска Арабија, се изјасни првиот човек на Мерцедес.

„Нема тим што не би сакал Макс да вози за нив“, рече Волф, а Верстапен одговори на тоа:

„Секогаш имаше почит помеѓу мене и Тот, и покрај некои несогласици што се нормални. Секако дека е убаво да се слушне кога некој те цени на тој начин“, изјави Макс.

Сепак, Холанѓанецот не беше сигурен дали ќе ја прифати понудата на Мерцедес.

„Имам договор до 2028 година со Ред Бул. Кој знае што ќе се случи тогаш, дали воопшто ќе возам во Формула 1“, изјави Верстапен.

Слични содржини