Верстапен со над секунда предност на крајот на првиот ден

од Vladimir Zorba

Светскиот шампион Макс Верстапен го заврши првиот ден од предсезонските тестирања на врвот на поредокот и со повеќе од 1 секунда пред вториот на табелата. Исто како и минатата година, кога Макс и Ред Бул ги поставија темелите за сезоната 2023 година во која тимот забележа 21 победа на 22 трки.

Верстапен постигна 1:31.344 во последниот час од денот, работејќи со гуми C3. Макс, исто така, извозе најмногу кругови денес – 142, 20 повеќе од вториот во овој поредок – Џорџ Расел во Мерцедес, кој беше другиот возач што возеше цел ден. Тоа е еднакво на две должини на Големата награда на Бахреин.

Втор зад Макс беше Ландо Норис со Мекларен, повеќе од 1,1 секунда зад Макс и десетинка зад Карлос Саинц со Ферари. Даниел Рикиардо со новиот болид на Рејсинг Булс се квалификуваше четврти, на само 15 илјадитинки од шпанскиот пилот на Скудерија.

Вилијамс беше тимот со најмногу проблеми денеска – на крајот од утринската сесија болидот на Алекс Албон имаше проблем со пумпата за гориво, поради што беше потребна нејзина замена, а попладнето Логан Сарџент се сврте со голема брзина во свиокот  #10, но успеа да ги избегне безбедносните бариери и веднаш потоа се врати во боксот.

Иако е првиот ден на тестирање, се чини дека напредокот на Рејсинг Булс е најсериозен. Оваа година тимот добива многу повеќе компоненти од Ред Бул и болидот на тимот сериозно личи на RB19, иако тие тврдат дека тоа не е случај.

Слични содржини