ВЕРУВАЛ ДЕКА ЈА МЕНУВАAT ЧОВЕЧКАТА ДНК: Отпуштен фармацевтот кој уништи вакцини (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
392 прегледи

Американскиот фармацевт кој уништи стотици дози од вакцината против коронавирус минатиот месец е „теоретичар на заговор“ и верува во неосновани гласини дека вакцината не е безбедна, објавија американските власти.

Стивен Бранденбург извадил 57 шишиња од вакцината на „Модерна“ од фрижидерот во Медицинскиот центар Аурора во Графтон, Висконсин, од кои секоја содржи по 10 дози, обидувајќи се да ги уништи бидејќи верува дека вакцината е опасна и може да ја промени човечката ДНК.

Вакцините на Модерна и Фајзер-Бионтек се засноваат на месенџер РНА технологија, која му обезбедува на човечкото тело информации за вирусни протеини кои помагаат да се создадат антитела против коронавирус. Експертите велат дека нема докази што укажуваат на тое дека тие ја менуваат човечката ДНК, а веќе милиони луѓе се вакцинирани со тие вакцини.

За нивно складирање е потребна многу ниска температура, инаку можат да бидат уништени, што Бранденбург се обиде да го стори во два наврати, соопштило обвинителството во понеделникот за време на неговото прво појавување пред судот.

„Неговата намера беше да бидат инертни, бидејќи тој беше убеден дека вакцината не е безбедна, дека РНА методот за правење на тие лекови ги прави небезбедни“, рекол обвинителот на округот Озаки за време на сослушувањето.

Бранденбург на почетокот во болница рекол дека вакцините биле случајно извадени од фрижидер, но подоцна признал дека намерно ги извадил. Исто така признал дека вакцините, кои биле оневозможени, биле вратени во фрижидерот и дека 57 луѓе потоа биле вакцинирани со нив.

Луѓето биле известени за тоа, но засега нема докази дека инертните вакцини им наштетиле.

Тој бил отпуштен од работа, а уапсен бил минатиот четврток.

Слични содржини