Верувале или не: Кој не носи маска плаќа казна од 32.000 евра

од Nikola Popovski
219 прегледи

Властите во Западна Австралија донесоа одлука за рубриката верувале или не – кој не носи маска на аеродромот, ќе плати казна од 50 000 австралиски долари или околу 32 000 евра.

Властите во Западна Австралија презедоа нови, драстични мерки за спречување на ширењето на мутираниот вид на коронавирус, кој, како што наведоа, е позаразен од досега присутниот.

Според премиерот на Западна Австралија, една од австралиските држави, маските повеќе нема да бидат задолжителни само во авионите, туку и на аеродромите. Сите над 12 години мора да носат маски или во спротивно ќе се соочат со драстична казна од 50 000 австралиски долари, пренесуваат австралиските медиуми. Маските нема да мора да се носат на аеродромите додека јадат, пијат или земаат лекови, но патниците нема да можат да го прават тоа додека одат, туку само додека седат.

Исклучок од обврската за носење маска е и кога се зборува со глувонем човек кој треба да чита од усните. Исто така, маските не се задолжителни за вработените кои остануваат сами во просторијата или возилото. Патникот нема да биде казнет само ако ја извади маската на барање на полицијата за да биде идентификуван.

Слични содржини