Вештачката интелигенција нема само да го промени начинот на кој работиме. Таа може да ја редефинира самата идеја за работа. Ова го потврди технолошкиот милијардер и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, за време на гостувањето во подкастот People by WTF, каде што зборуваше за трансформативното влијание на Вештачката Интелегенција врз здравството, образованието и физичката работа. Гејтс истакна дека вештачката интелигенција ќе игра клучна улога во здравството и образованието во блиска иднина, делумно ќе ги замени лекарите и наставниците.
„Вештачката интелигенција ќе ја донесе медицинската експертиза таму каде што денес не постои. И нема повеќе да има недостатоци“, рече Гејтс, коментирајќи го глобалниот недостиг на здравствени работници, особено во Индија, Африка, но и во САД, пренесува Business Insider.
Според проценките на Здружението на американски медицински колеџи, до 2036 година САД би можеле да се соочат со недостиг од дури 86.000 општи лекари и специјалисти. Посебно загрижува намалувањето на бројот на лекари специјализирани за нега на стари лица, додека бројот на постари пациенти постојано расте. Експертите веќе предупредуваат на можна криза во квалитетот на здравствената заштита.