Вештачката интелигенција е подобра од лекарите во дијагностицирање на ракот

од Milan1
16,K прегледи

Компјутерски систем кој користи вештачка интелигенција за да го научи „јазикот на туморите“ може да помогне за побрзо дијагностицирање на болеста, објави порталот Лабмедика. Системот може да открие знаци на болест во биолошките примероци со висока точност и да го предвиди исходот од третманот. Патолозите во моментов ја вршат оваа работа со анализа на примероци од ткиво на пациенти со рак под микроскоп.

Меѓународен тим од експерти за вештачка интелигенција и тумори, предводен од експерти од универзитетите во Глазгов и во Њујорк, го разви новиот систем наречен и хистоморфолошки фенотип на учење.

Основата биле илјадници слики со висока резолуција на аденокарцином на белите дробови кај 452 пациенти од базата на податоци на Националниот институт за туморски геном од САД. Тие користеле и дополнителни информации за напредокот на болеста.

Алгоритмот правилно ги проценил шансите за преживување во 72% од случаите, а патолозите ја извршиле истата задача со точност од 64%.

Слични соодноси биле постигнати при анализа на 10 други вида тумори, покажа истражувањето.

Слични содржини