Работните места што традиционално ги извршуваат жените се поранливи на влијанието на вештачката интелигенција отколку оние што ги извршуваат мажите, според најновото истражување на Меѓународната организација на трудот. Нивните наоди се валидни за целиот свет, а најмногу за развиените економии.
Имено, со проширувањето на употребата на вештачката интелигенција во секојдневниот живот, но и на работа, таа би можела да преземе дел од вашите секојдневни задачи. Ова би можело да влијае на трансформацијата на вашите професии – во 9,6% од случаите ако сте жена и во 3,5% од случаите ако сте маж.
Со други зборови, вештачката интелигенција може да го замени здодевниот „пешачки“ дел од работата во занимања како што е административната. Се очекува оваа технологија да има широка примена во медиумите, развојот на софтвер и финансиските услуги.
Сето ова, велат авторите на студијата, не мора да значи дека луѓето чии работни места во иднина ќе ги извршува вештачката интелигенција ќе бидат отпуштени, туку дека нивните работни обврски би можеле драстично да се променат.