Вештачката интелигенција креирала лажно видео на српскиот премиер

од Milan1
42 прегледи

На социјалната мрежа Фејсбук се појави лажен видео клип,односно непостоечка изјава на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, соопштија од Кабинетот на премиерот.

Вештачката интелигенција креирала непостоечка изјава на премиерот Милош Вучевиќ на сметката „Corvus01“ во која е злоупотребена неговата слика, додека со генериран глас се објавуваат податоци за непостоечки владини проекти.

– Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници на техничката управа на СБПВТК, контактирале со компанијата Мета за да ги отстранат споменатите објави и да дадат информации за администраторот на сметката. Против анонимно лице е поднесена кривична пријава и се работи на утврдување на идентитетот на лицето кое стои зад профилот на кој е објавено лажното видео, велат од српското министерство за внатрешни работи.

Слични содржини