Нов алгоритам ќе ги зема предвид веднаш индикациите за самоубиствено однесување кај корисниците кои ја користат Live функцијата на “Фејсбук” и ќе им нуди подадена рака.
Помошта што вештачкиот интелект на компанијата започнува од поврзувањето со пријател или брза помош до понудата на совети и препораки како луѓето со самоубиствени склоности да се борат со депресијата.
Од другиот крај на врската гледачите исто така може да ги “пријавуваат” авторите на видео, за кои се сомневаат дека ќе си го одземат животот. Во одговор “Фејсбук” се труди да им испрати водич како да се справат со ситуацијата и да го разубедат човекот од идејата за самоубиство.
Со сличната иновација, компанијата се надева дека ќе спаси илјадници животи. За последните години “Фејсбук” се претвори од обична мрежа за дружење до интегрален дел од човечкото битие. Само за еден месец редовно корисниците ја имаат околу 1,86 милиони корисници.
За да се задржи интересот тоа пушта постојано иновации и нови функции, со кои ќе привлече нови следбеници. Таква е и функцијата Facebook Live, која му овозможува на секој да прави видеовклучување во живо и емитува во актуелно време важен за него самиот или за светот настани, случки, мисли. И покрај тоа што има несомнено многу предности, опцијата за пренос во живо го претвори “Фејсбук” и платформа за вршење на самоубиства и убиства во живо.