Вештачката интелигенција полека влегува во нашето секојдневие

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Марк Цукерберг го замислува софтверскиот систем, инспириран од ликот на Џарвис во стриповите за Железниот човек кој го управува домаќинството како виртуелен батлер. Сонот на основачот на “Фејсбук” претставува вештачка интелигенција, која полека но сигурно се прикрадува во нашиот секојдневен живот и веќе не е само научна фантастика.

АИ освои сигурно место во домовите на луѓето, почнувајќи со уредите на “Амазон” како портпаролот “Ехо”, комуницирањето со личниот асистент “Алекса”, кој одговора на често поставувани прашања, а во исто време контролира разни електрични апарати во домот.

Аналитичарот Каролина Миланези од истражувачката фирма “Криејтив стратеџис” вели дека “2016 е годината во која се подигнала свеста и на потрошувачите им се приближила идејата за АИ на еден помасовен, пазарен начин”.

Миланези наведува дека може да потрае време за овој вид на технологија да го развие својот целосен потенцијал, додавајќи дека компаниите имаат потреба од силен атракционен елемент, за да донесат голем број на корисници во овој сектор.

Според аналитичката компанија CIRP од “Амазон” се продале над 5 милиони звучници од типот на “Ехо” од 2014 година, а во моментов пазарот се вжештува поради конкуренцијата од гласноговорникот “Гугл хоум”, како и на други, кои по секоја веројатност се развиваат во моментов.

Во исто време “Гугл” користи вештачка интелигенција, за да ги направи смартфоните уште попаметни. Со апликацијата “Ало” корисниците ќе можат да комуницираат едни со други побрзо, бидејќи услугата, вклучувајќи виртуелен асистент, прави автоматски предлози за испишување зборови, без да е потребно да ги пишува сам.

Покрај сите други технолошки гиганти “Епл”, исто така тивко ги засилува способностите на својот дигитален асистент “Сири”, а “Фејсбук” – својата платформа “Месинџер”.

АИ е и основата на беспилотните возила, околу кои компаниите како “Гугл” и “Убер” ги засилија напорите во текот на изминатата година. Во исто време од “Амазон” сакаат да применат вештачка интелигенција и во супермаркет. Во моментов тие спроведуваат тестови на систем за шопинг без каси или опашки, при што клиентот едноставно го зема она што му треба, а сметката му се обработува автоматски.

Според истражувачот во областа на вештачката интелигенција од Универзитетот Стенфорд Александра Алахи во иднина “интелигентни машини ќе присуствуваат на многу места во нашето секојдневие”.

“Ќе видиме роботи во своите домови и самоуправувачки автомобили, но исто така и на станиците, во болниците и никаде на друго место во градовите”, вели таа.

———————–

Материјалот е на Софи Естиен и е објавен од агенцијата “Франс прес”.