194
Научниците од Центарот за технички истражувања на Финска, испечатиле на 3Д принтер вештачко дрво кое може да се користи за полнење на мобилни уреди, соопшти EE Tајмс.
А лисјата на дрвото претставуваат соларни панели, направени од органски материјали. Електричната енергија генерирана од нив се насочува кон стеблата преку проводници.
Енергијата се изработува на два начина – за сметка на осветлувањето и преку трансформација на вибрациите на листовите кои се јавуваат при ветер или промени во температурата.
Количеството генерирана енергија е доволна за напојување на неколку мобилни уреди. Според зборовите на програмерите, технологијата има неограничени можности за примена.
Така, на пример, можат да бидат создадени цели вештачки шуми од слични дрвја, кои ќе произведуваат значителни количини електрична енергија од обновливи извори. Предност на отпечатените дрвја е дека можат да се користат и во простории и на отворено.
