Комсомолскаја правда, московски таблоид тесно поврзан со Кремљ, објави, цитирајќи го руското Министерство за одбрана, дека 9.861 руски војник биле убиени, а 16.153 се повредени во инвазијата на Украина.
Сепак, добро упатените набљудувачи на руската медиумска сцена ја доведуваат во прашање оваа информација, бидејќи не е објавена во ниту едно официјално соопштение на Министерството за одбрана, па шпекулираат со три сценарија или некој ја хакнал страницата на таблоидот, или некој по грешка објавил нешто што не треба или има нов случај на непослушност во редакција, сличен на оној кога уредничка на вести на Руската државна телевизија влета во кадар со антивоен транспарент.
Дека ваквата шпекулација е основана, говори и фактот што веднаш по ширењето на информацијата за објавените податоци, Комсомолскаја правда го избришала комплетниот пасус во кој се споменуваат, на што истакна уредникот на независниот руски портал Медуза.
Say what you will about Komsomolskaya Pravda, but they singlehandedly just rescued 9,861 Russian soldiers from death. A heroic feat! pic.twitter.com/ufVmTN12L1
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 21, 2022