Вето за ЕУ од Унгарија и Полска

од Nikola Popovski
172 прегледи

Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на буџетскиот пакет на ЕУ и Фондот за наплата од 2021 до 2027 година затоа што вклучува клаузула што условува пристап до пари со почитување на владеењето на правото.

Претставниците на земјите од ЕУ требаше да го поддржат постигнатиот договор за пакетот вреден 1,8 милијарди евра на состанокот во Брисел, но тоа не можеа да го сторат поради ветото од Варшава и Будимпешта.

Претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе го блокира буџетскиот пакет на ЕУ и Фондot за заздравување од коронавирусот , критикувајќи го како нејасно дефиниран планиран механизам за владеење на правото што ќе санкционира кршење на основните вредности на ЕУ.

Буџетот беше усвоен во јули по четиридневен самит и тој требаше да ја извлече Европската Унија од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Европските амбасадори неодамна во него вклучија клаузула која го овозможува пристапот до фондовите на Унијата само доколку се почитува владеењето на правото. За изгласувањето на буџетот беше потребна едногласна поддршка од сите 27 членки на ЕУ, на што Унгарија и Полска ставија вето.

Слични содржини