Ви се закануваат со блокирање или бришење на вашиот Facebook профил? Еве што треба да направите

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Во изминатиов период регионални медиуми пишуваат за измама во кои се имитира поддршката за корисници на Facebook, а на жртвите им се заканува блокирање на сметките.

Како што истакнуваат, измамата служи за кражба на кориснички податоци, кои подоцна може да се искористат за други злонамерни дејства – плаќање за реклами, ширење измами, заклучување сметки, изнуда итн.

Пораките кои на прв поглед изгледаат како да се испратени од службата за корисници на Facebook, најчесто пристигнуваат преку некоја од апликациите за пораки или преку FB Messenger. Испраќачот најчесто се прикажува како Фејсбук или некој од нивната корисничка поддршка, но поблиската проверка на испраќачот открива дека тоа е само лажно име.

Иако самиот текст на пораката може да биде на различни јазици, содржината обично е иста и звучи вака:

„Предупредување за бришење сметка!

Почитувани корисници!

За жал, мораме да ве информираме дека вашата сметка на Facebook ќе биде трајно оневозможена во следните 12 часа. Ја донесовме оваа одлука затоа што вашата сметка сериозно ги прекрши стандардите на нашата заедница.

Ако мислите дека вашата сметка е регистрирана по грешка и сакате да ја вратите, ве молиме потврдете ги информациите за вашата сметка користејќи ја следната врска: (најчесто има врска со зборот Facebook во неговото име за да изгледа легитимно)

Ако потврдата не се заврши во рок од 12 часа, вашата сметка автоматски ќе биде блокирана и повеќе нема да можете да ја користите.

Ја цениме вашата соработка во заштитата на безбедноста и квалитетот на нашата заедница.

Со почит, The Meta Business Suite Team“

Пораката сепак треба да се игнорира, да се избрише, а испраќачот да биде блокиран.

Ако кликнете на врската, таа ќе ве однесе до страница која по изглед и име ја имитира социјалната мрежа Facebook. Страницата содржи формулар за регистрација што служи за кражба на податоци – корисничко име и лозинка.

Ако не сте сигурни дали страницата е легитимна или не, секогаш треба да ја проверувате URL-то (адресата). Официјалниот домен на Facebook е секогаш facebook.com.

Ако сте паднале на ваков вид на измама:

• сменете ја лозинката за вашиот профил на Facebook и сите други системи каде што ја користите истата лозинка

• проверете дали плаќање на оглас е активирано на вашиот профил

• ако имате зачувани информации за банкарска картичка, контактирајте со вашата банка за да ги преземете сите неопходни активности за да ја заштитите вашата сметка

• вклучете двофакторна автентикација

• информирајте ги вашите пријатели за да бидат предупредени доколку добијат сомнителни пораки од вашата сметка

Слични содржини