Вицепремиерот на Владата на Федерацијата БиХ: Мојот помлад брат вчера беше убиен во Белград

од Илинка Илиоска

Потпретседателот на Владата на Федерацијата БиХ и министер за развој и претприемништво Војин Мијатовиќ објави дека неговиот помлад брат бил убиен во неделата во Белград.

„Патувај мој брате на поубаво место. Мојот помлад брат беше убиен вчера во Белград. Сè што би рекол сега нема смисла, бидејќи тоа што се случи сигурно нема смисла. И ова за жал е составен дел од играта наречена живот. Добри мои луѓе, благодарам на сите што се јавувате, грижете се за себе и за луѓето околу вас“, напиша накратко Мијатовиќ во пораката.

Ѓорѓе Мијатовиќ (37) е убиен вчера во Белград, потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Мијатовиќ почина откако беше претепан од двајца хулигани во детскиот парк во Вождовац.

Вишото јавно обвинителство во Белград и нареди на полицијата да ги идентификува учесниците на настанот и да ги собере сите потребни податоци и информации за настанот по што Ѓ.М. почина во Ургентниот центар во Белград. (37).

Групата хулигани кои го нападнаа Ѓорѓе Мијатовиќ, кој подоцна почина во Ургентниот центар, со месеци им прави проблеми на жителите од зградите во населбата Медак, а само ден претходно кршеа клупи и му се закануваа на граѓанин. Случајот бил пријавен и доаѓала полиција, пренесе Н1.

Во саботата, само ден пред овој трагичен инцидент, вознемирен станар повикал полиција, која дошла, накратко разговарала со нив, но не ги идентификувала бидејќи биле малолетни и замина.

Станарите известуваат дека секогаш кога времето е убаво, истата група млади мажи и жени прават врева и се однесуваат грубо, наведувајќи дека се немоќни и се плашат за своите деца.

Министерот Ивица Дачиќ во гостувањето на телевизија Блиц изјави дека се утврдуваат околностите на смртта и дека не е сигурно дека Ѓорѓе починал од ударите, но дека лекарите рекле дека имал и епилептични напади  и дека се ќе утврди обдукцијата.

 

Слични содржини