Жозефина Скривер го доби статусот „ангел“ на Victoria’s Secret и стана 16-тата убавица во атрактивната група. Таа ја започна својата кариера во модниот свет на 15-годишна возраст, а пред три години за првпат беше ангажирана од познатиот бренд за долна облека. Минатата година, 22-годишната Данка ја доби честа да дефилира на спектакуларното шоу на VS кое се одржа во Њујорк.

Убавата вест Скривер ја соопшти преку објава на својот профил на Instagram. „Конечно се случи. Буквално го живеам својот сон сега. Не можам да поверувам дека можам да споделам со вас денес дека јас сум Најновиот ангел на Victoria’s Secret“ – напиша Скривер и им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат.