Актерот Џони Деп се појави на четвртата ревија на Ријана, Savage X Fenty, а некои од обожавателите на пејачката не беа среќни поради тоа.
Шоуто беше премиерно прикажано во вторникот, а Деп се појави само една минута, облечен во свилени пижами. На видеото, Џони може да се види во темна шума како оди кон камерата додека во позадина танчери изведуваат танцова рутина. Можеше да се забележи и дека има брада која е карактеристична за него, а која неодамна ја избричи и стана непрепознатлив за фановите.
JOHNNY DEPP IN RIHANNA’S SAVAGE X FENTY SHOW pic.twitter.com/szhVItteW8
— johnny depp daily (@johnnydppdaily) November 9, 2022
Сепак, таа минута во која се појави беше доволна актерот, но и Ријана, да бидат цел на негативни коментари.
Имено, на некои луѓе не им било јасно зошто Ријана во своето шоу го вклучила и актерот кој, како што наведоа во коментарите, по судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд станал „херој меѓу женомразачите“.