Првиот претседател на Македонското собрание во независна Македонија Стојан Андов, во емисијата 10 минути на ТВ 21 вели дека не постојат никакви пречки за свикување на седница во Законодавниот дом. Нe е точно тоа што го тврди Вељаноски, вели Андов, сугерирајќи дека сегашниот претседател треба веднаш да го свика Собранието, во спротивно како што рече, Претседателот на Собранието ќе го прекрши Уставот.