(ВИДЕО) 14 минути молк за 14-те жртви: Граѓаните на Нови Сад застанаа во знак на почит

од Илинка Илиоска
30 прегледи

Во Нови Сад денеска се одржа акцијата „Застани, Нови Сад“ во која од 11:52 до 12:06 часот, опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14-те луѓе кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад. Во акцијата учествуваа и претставници на опозицијата во Белград со развивање на црно платно пред Собранието на Србија и со блокирање на сообраќајот, јавува Н1.

Како што пренесува „021“, во Нови Сад, граѓаните учествуваа во акцијата и застанаа мирно на бројни локации, односно на големите раскрсници, во центарот на градот, на булеварите и секаде каде што се нашле во моментот. Се слушаа сирени, додека некои не знаеја за што се работи и бараа алтернативни правци за движење.

Од несреќата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени поминаа две недели. На акцијата повика опозицијата во Нови Сад. Поради несреќата, претходно беа организирани протести во Нови Сад и Белград, а беа приведени граѓани и активисти на протестот на 5 ноември.

Активистите од групите „СвиЌе“ и „СТАВ“ најавија протест и барикади на раскрсницата пред Железничката станица во Нови Сад за во недела од 12 од 18 часот.

Слични содржини