Магдалена Богиќ која има само 16 години и е ученичка во трета година во гимназија во Јајце, ги воодушеви жирито и публиката во вчерашното издание на Икс факторсо изведбата на песната „Молитва“ од Марија Шерифовиќ.
Жирито коментираше дека е неверојатно колкава сила и енергија, но и контрола на гласот поседува толку млада девојка. На Магдалена сепак најважно ѝ беше мислењето на Жељко, кој исто така како и останатите тројца судии ѝ даде „Да.“