Две голи активистки на ФЕМЕН упаднаа на исламската коференција што се одржуваше во Понтоа северозападно од Париз, пренесува Раша тудеј.
Тие скокнаа на бината и ги примораа имамите да си заминат извикувајќи слогани се додека обезбедувањето не ги тргна од бината.
„Никој нема да ме натера да прифатам, пишуваше на нивните голи гради.“
На видеото исто така се гледа еден маж клоца и удира една од двете активистки на ФЕМЕН, додека лежи на земјата.
Потсетуваме дека ФЕМЕН беше формирана во Украина во 2008-мата година и во моментов активистките се ситуирани во Париз. Организацијата е позната по нивните контроверзни разголени протести. Тие ја опишуваат нивната идеологија со три –изми: секстримисам (женската сексуалност наспроти патријархатот), атеизам и феминизам.
Групата досега има изведено бројни разголени напади врз најголемите лидери , вклучувајчи ги Путин и Мерекл, во различни земји: Украина, Франција, Шведска, па и во Тунис.