Џони Деп и Мерилин Менсон учествуваат во оргија пред камера! Токму тоа се случува во новото видео на пејачот „KILL4ME“.
Во петминутното музичко видео, Оскаровецот и скандалозниот музичар симулираат “четворка” со две девојки кои се сосема голи. Видеото е толку скандалозно што започнува со предупредувачка порака за вулгарен јазик, сексуална содржина и насилство.
Очекувано од Мерлин Менсон, не само што е видеото провокативно, туку и текстот. Песната започнува вака: “Ајде да земеме златно сечило и да склучиме крвен пакт да се сакаме…”.
Изгледот на Деп во ова видео многу ги збуни неговите фанови. Актерот долго време не бил сниман, а покрај неговиот неславен развод со Амбер Херд, неговата филмска кариера се чини дека премина во позадина. Блиски до Џони признаваат дека тој очајно сака да се врати на екранот, но тие не се сигурни дали таквиот израз ќе му помогне или ќе му наштети во овој напор.
Од друга страна, Мерилин Менсон отсекогаш била скандалозен и провокативен. Пејачот неодамна влезе во болницата откако елемент на сцената падна врз него за време на неговото шоу, но во видеото тој изгледа целосно опоравен.
Двете ѕвезди се стари пријатели. Видете ја нивната заедничка работа тука: