
Воената авијација на Саудиска Арабија бомбардира училиште во северозападниот дел на Јемен Како резултат на тоа над 50 ученици загинаа, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на властите во провинцијата Саада. Во моментот на ударот учениците се наоѓале во внатрешноста на зградата. Во југозападните региони Саудијците запалија станбена зграда. Живи изгореа шест лица, петмина се повредени. Меѓу нив има жени и деца.
https://youtu.be/VRxL6D4M-gE
Во Јемен веќе две години продолжува воениот конфликт меѓу властите и шиитските бунтовници. Од март минатата година Саудиска Арабија со поддршка на голем број арапски држави нанесува воздушни напади во Јемен против опозициското движење.