„Груевски губи со оддолжувањето на политичката криза. Набрзо меѓународната заедница ќе го засили своето присуство во обидите за решавање на ситуацијата со дипломатски „тешкаши“.
Привремен договор власт-опозиција би бил само лепење тапет преку пукнат ѕид“ – ова се само некои од прашањата кои се поставија во синоќешната анализа на „360 степени“ на ТВ Алсат.
Гости во емисијата беа аналитичарот Сашо Ордановски и предводникот на Форумот на слободоумни патриоти Јове Кекеновски, како и експертот за Балканот од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.