Дипломатскиот арсенал со кој Брисел и Вашингтон вршат притисок врз политичките актери за да се вратат на спроведување на договорот од Пржино и за тоа колку тие мерки можат да бидат делотворни.
Брифингот на олеснувачот Питер Ванхут откри дека во игра се црни листи, забрани за патувања, замрзнување сметки и имот, прекинување трговски врски, губење на препорака за преговори со ЕУ, а можеби и запирање на кредитите од странство со кои власта ги финансира своите политики во изминатите години – за овие прашања во новото издание на „360 степени“ разговараа Симонида Кацарска од Институтот за европска политика, Арсим Синани, професор на Приштинскиот универзитет и Бојан Маричиќ, директор на Македонскиот центар за европско образование.